-->

Лубеници со големина од три сантиметри


Мали, но совршено формирани - Пепкињо лубеници, се најмали лубеници во светот и според прогнозите на експерти за пазар, наскоро ќе станат „вистински хит“.

Пепкињо лубеницата е 20 пати помала од вистинската лубеница. Може да има најмногу три сантиметри, но по обликот и бојата е идентична со традиционалната лубеница.

Овој вид лубеници потекнува од Латинска Америка, а во Европа ги донела една холандска агроиндустриска компанија која го одгледува под фолии.

Пепкињо лубениците може да се служат како аперитив, како маслинките, како додаток за салати, пржени или во сладолед. Цената на микро лубеницата на британскиот пазар е 10 фунти (околу 11 евра) за пакување од 250 грама во кое има околу 50 парчиња.

 

Copyright © 2009 selotejp.com