-->

Тројцата мускетари меѓу тренерите

Тие се први на удар кога нема резултати, куферите секогаш им се спакувани, освен ако не се викаат Алекс Фергусон (22 години во Манчестер Јунајтед) или Ги Ру (36 години во Оксер).



Тренерите во фудбалот не служат само за поставување на тактиката и изборот на стартната постава, нивната улога е да ги апсорбираат ударите на играчите, да бидат советници и психолози, да бидат последна линија на одбраната за лошите деловни потези на менаџментот на клубот... Кога резултатите се тука, тогаш тоа е нормална работа.

Но, во Европа во моментов работат неколку тренери кои не се само тоа. Некои се одамна на фудбалската сцена, некои се нови, но сите докажаа дека се родени за големи улоги.



Josep Guardiola (Barcelona)

Младиот стручњак на клупата на Барселона ја заврши играчката кариера пред две години, па работеше како тренер во Б-тимот, а потоа без воопшто страв влезе во борба со најголемите искушенија. Без оглед на тоа што во новата работа немаше големо искуство, воведе правила на кои играчите мораа да се придржуваат и од тимот што од далеку му гледаше во грбот на Реал Мадрид, направи вистинска машина за голови и екипа за врвот на табелата во Примера.

На Лионел Меси му даде слобода во играта, а Аргентинецот му се оддолжи со одлични партии и голови. Барселона се прошета до првото место во својата група од Лигата на шампионите, во Примера на нивните натпревари имаше облози за голем број голови, а до големата предност стигна благодарение на победите над директните ривали. Барселона во досегашниот дел од сезоната игра најатрактивен фудбал во Европа што и за Гвардиола како тренер беше потврда за квалитетот.

Лична карта:
Датум и место на раѓање: 18 јануари 1971 година во Барселона
Тренерска кариера: Барселона, претходно Б-тим на Барселона
Трофеи како играч: 6 титули првак на Шпанија (1991, 1992, 1993, 1994, 1998, 1999), два Купа на Шпанија (1997, 1998), Лига на шампиони (1992), КПК (1997)
Клубови како играч: Барселона, Бреша (Италија), Рома (Италија), Ал Ахли (Катар), Дорадос де Синалоа (Мексико)

Тие се први на удар кога нема резултати, куферите секогаш им се спакувани, освен ако не се викаат Алекс Фергусон (22 години во Манчестер Јунајтед) или Ги Ру (36 години во Оксер). Тренерите во фудбалот не служат само за поставување на тактиката и изборот на стартната постава, нивната улога е да ги апсорбираат ударите на играчите, да бидат советници и психолози, да бидат последна линија на одбраната за лошите деловни потези на менаџментот на клубот... Кога резултатите се тука, тогаш тоа е нормална работа.

Но, во Европа во моментов работат неколку тренери кои не се само тоа. Некои се одамна на фудбалската сцена, некои се нови, но сите докажаа дека се родени за големи улоги.



Alex Ferguson (Manchester United)

Менаџерот на Манчестер Јунајтед е жива легенда на клубот и најголем колекционер на трофеи во светот на фудбалот. Во 2008 година освои речиси се што беше вредно: Премиер-лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Супер-купот на Англија.

Фергусон има неверојатно чувство на Олд Трафорд да донесе вистински засилувања, одличен тактичар е и многу лошо да го имате за непријател. Минатото лето ги одби сите напади на Реал Мадрид за Кристијано Роналдо, по секоја цена сакаше да го задржи во тимот иако во минатото беше познат по тоа што ги продаваше најдобрите фудбалери во нивната најдобра форма. Таков беше случајот со Стам, Бекам и Ван Нистелрој.

Јунајтед повторно е во трката за шампионската титула во Премиер-лигата и покрај тоа што од почетокот на сезоната има проблеми со играчкиот кадар. Приказната за Роналдо ја покажа величината на Фергусон и неговиот авторитет во светот на фудбалот, а во свој стил одби 85 милиони евра за Роналдо.

Лична карта
Датум и место на раѓање: 31 декември 1941 година во Глазгов
Тренерска кариера: Ист Стирлинг, Сент Мирен, Абердин, селектор на Шкотска, Манчестер Јунајтед
Трофеи: 3 титули првак на Шкотска (1980, 1984, 1985), 4 ФА Купа на Шкотска (1982, 1983, 1984, 1986), Лига-куп на Шкотска (1986), КПК (1983, 1991), Супер-куп на УЕФА (1983, 1991), 10 титули првак на Англија (1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2000, 2001, 2003, 2007, 2008), 5 ФА Купа на Англија (1990, 1994, 1996, 1999, 2004), 2 Лига-купа на Англија (1992, 2006), 8 Супер-купа на Англија (1990, 1993, 1994, 1996, 1997, 2003, 2007, 2008), 2 титули во Лига на шампиони (1999, 2008), Интерконтинентален куп (1999), Светско клупско првенство (2008)



Јose Mourinho (Inter)

Новиот тренер на Интер е на добар па да ја продолжи доминацијата на миланскиот тим во Серија "А". Иако неговата поставеност во играта е декадентна, не може да му се оспори дека одлично ја познава работата што ја работи. Детално го анализира противникот, во пресрет на натпреварите дели скрипти со најважните детали, а во текот на средбите се се одвива онака како што тој предвидел.

Португалецот често е на удар на медиумите, но малку кој знае дека шест месеци учел италијански јазик за на новинарите на официјалното претставување да им се обрати на нивниот мајчин јазик. Недолго по таа прес-конференција новинарите го обвинија дека не ги почитува затоа што по еден натпревар пред нив го испратил својот помошник.

Од Мурињо не се очекува да наметне атрактивен фудбал бидејќи неговата филозофија е дека секоја победа е вредна, па дури и ако бодовите дојдат од офсајд-позиција како што беше случај во последното коло од Серија "А".

Лична карта:
Датум и место на раѓање: 26 јануари 1963 година во Сетубал
Тренерска кариера: Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер
Титули: првак на Португалија (2003, 2004), Куп на Португалија (2003), Куп на УЕФА (2003), Лига на шампиони (2004), 2 титули првак на Англија (2005, 2006), ФА Куп на Англија (2007), Супер-куп на Англија (2005), 2 титули во Лига-куп (2005, 2007), Супер-куп на Италија (2008)


 

Copyright © 2009 selotejp.com