-->

Драма во Малезија: Дух ги избркал децата од училиште

Shahidan Abdul Rahman, првиот човек во образованието во малезиската сојузна држава Кедах, покренал истрага и замолил исплашените дечиња да не се пуштаат во близина на зградата додека не се реши проблемот.



50 основци во малезискиот град Лангар престанале да посетуваат настава откако во зградата почнал да се појавува дух, пренесува The New Straits Time.

17 деца изјавиле дека првата средба се случила во неделата во 9.30 минути во кантината.

Тогаш, тврдат тие, се појавила долгокоса жена облечена во бело, која лебдела во воздухот. Нејзиниот лик повторно бил виден ден подоцна.

На шокираните деца им е порачано да не доаѓаат на училиште, и бил повикан тамошен шаман.

За жал тој не се вратил со утешни вести, туку сам потврдил дека го има дух кој го снимил со мобилниот телефон.

 

Copyright © 2009 selotejp.com