-->

Ансамблот „Танец“ во Њу Џерси

Ансамблот на народни песни и ора „Танец“ вечерва со настап во Седар Грув, во американската држава Њу Џерси, ќе ја заврши повеќедневната турнеја низ земјите од северноамериканскиот континент.

„Танец“ гостува во САД и Канада 14 години по својот последниот престој на американскиот континент, во чест на 60-годишнината од основањето на ансамблот.

Во рамки на турнејата членовите на друштвото одржаа концерти во Торонто, Детроит, Чикаго, Колумбус и Кливленд.

„Танец“ е формиран во 1949 година и до денес има одржано повеќе од 4.500 концерти во 31 земја низ светот. За својата успешна работа во промовирање, зачувување и негување на македонското фолклорно богатство добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Минатата година во декември ансамблот беше одликуван и со високото државно признание Орденот за заслуги на Република Македонија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com