-->

Усвоена декларација за визна либерализација за македонските студенти

Бордот на Европската студентска унија од 22 до 25 април во Брисел усвои Декларација за визна либерализација за македонските студенти, информира денеска на прес-конференција претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Самоил Малчевски.

Декларациајта, додаде тој, вчера била испратена до сите европратеници и од некои веќе добиле одговор за поддршката за визна либерализација за македонските студенти.

Малчески посочи дека во Декларацијата, Македонија е признаена под уставното име.

Покрај претседателот на СПУКМ во македонската делегација присуствувал и Александар Митевски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

 

Copyright © 2009 selotejp.com