Синот на Мозли пронајден мртов!
Синот на претседателот на Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА), Макс Мозли почина во својот дом во западен Лондон. На 39-годишниот д-р Александер Мозли, кој работеше како економист не можеле да му помогнат луѓето од Итната помош кои пристигнале во станот.
"Бевме повикани во 16:20 часот во вторникот по дојавата дека еден маж е пронајден мртов. Тој беше прогласен за мртов на лице место", се вели во извештајот на полицијата во Лондон.
68-годишниот Мозли веднаш ја откажа посетата на Шпанското ГП овој викенд. Вториот помлад син на Мозли, Патрик има 37 години.
"ФИА упатува сочувство до семејството Мозли. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Александер и бараме да се почитува приватноста во вакви тешки моменти", се вели во соопштението на ФИА.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)