-->

Пол Гоген му го отсекол увото на винсент ван Гог

Сликарот Винсет ван Гог не си го отсекол увото туку тоа го направил неговиот пријател, францускиот сликар Пол Гоген, тврдат двајца германски професори.

- Тезата дека холандскиот сликар, кој живеел во Франција сам со го отсекол увото во напад на лудило, беше општоприфатена, иако имаше сомневања, истакнува францускиот весник „Фигаро“.

Авторите на студијата, Ханс Кауфман и Рита Вилдеганс, професори од Хамбург тврдат дека Гоген, славниот сликар на пејсажите од Тахити и добар мечувалец, со сабја му го отсекол увото на својот пријател, а Ван Гог за да го заштити потврдил дека се самоповредил.

- Гоген брзо се врати во Париз откако кратко бил испитуван во полиција, каде се покажал кохерентен за разлика од Ван Гог кој бил целосно изгубен. Ниту бричот, со кој наводно Ван Гог се повредил, ниту сабјата на Гоген никогаш не се најдени, тврдат Кауфман и Вилдеганс.

Експертите тврдат дека тезата на двајцата германски научници може да биде точна, но истакнуваат дека за утврдување на вистината што навистина се случило ноќта на 24 декември 1888 година нема доволно податоци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com