-->

Во добро, во зло и во воздух

Вљубените парови наскоро би можеле да го кажат судбоносното "да" во авион на висина од 9.000 метри. Компанијата EasyJet ги превзеде сите потребни чекори за нивните пилоти да можат да венчаваат патници.

EasyJet побара одобрение нивните пилоти да можат да венчаваат патници во авион. Пол Сајмонс, регионалниот менаџер на компанијата за Обединетото Кралство изјави: "Многу сме возбудени. Веќе имаме куп заинтересирани парови, па се надеваме дека пилотите наскоро ќе можат да ги венчаат паровите во воздух".

Капетанот на EasyJet Џефри Хасон додаде: "Да се внесе пар во брак за мене би била голема чест".

 

Copyright © 2009 selotejp.com