Екипажот на шатлот Атлантис кој со излегување во отворената вселена го поправи вселенскиот телескоп Хабл, а дел од инструментите ги замени со значително подобри, денес имаше ден одмор пред враќањето. На Флорида, каде што треба да се спушти, се загрижени поради невремето, а планерите подготвуваат термин да ги однесат астронаутите кај претседателот Обама кој сака да им честита во Овалната соба за извршената работа на првиот и за многумина најдраг телескоп.
Хабл ни ги приближи планетите од Сончевиот систем како до нив да е поставена камера. Небото посипано со ѕвезди пред Хабл го доживувавме како црна празнина, а Хабл ни ја донесе вселената во бои. И на оние кои не разбираа какви објекти се на фотографиите, здивот им застануваше при погледот на дотогаш невидено рељефните фотографии на вселенски магли, раѓања на ѕвезди, далечни галаксии, експлозии на супернова, радијација од црни дупки и далечни ѕвездени јата за кои луѓето не знаеа дека постојат.