Кубанецот Хозе Кастелар, кој се прослави со својата вештина на виткање цигари, уште еднаш се надмина себе си виткајќи ја најдолгата цигара на светот. Неговата нова "рекордерка" е долга 43,38 метри.
На затварањето на 29-от Меѓународен туристички саем на Куба, Хозе Кастелар влезе во Гинисовата книга на рекорди виткајќи Хавана долга 43.38 метри.
Кастелар (65) се занимава со виткање цигари веќе 50 години и повремено руши сопствени рекорди во нивна должина. Досега, во Гинисовата книга беше со рекордот од 2005 година со цигара долга 20,41 метар.
На Хозе му требале пет дена по 10 до 12 часови работа за да ја направи цигарата која, како што истакнува, не е наменета за пушење.
Хаванските цигари се висококвалитетни, ексклузивни кубански цигари кои секоја година се извезуваат во вредност од 400 милиони долари во 150 земји.