-->

Плукал по соперникот и му се заканувал со грип

Често не можеме да се начудиме какви се луѓе има на фудбалските терени. Hector Reynoso, 28 – годишен централен бранител на мексиканскиот Chivas, влегува во номинацијата за Оскар во категоријата ’не сум крив што сум некултурен ’...



На натпреварот од 6 – то коло во 6 Copa Libertadores, дотичниот ’фудбалер’ заедно со екипата гостувал кај чилеанскиот Everton. Натпреварот завршил 1: 1, откако Riveros во 41 – та минута ја поништил предноста на гостинската екипа која веќе во петтата минута Hernandez ја доведе во водство.

Сепак, целата средба ќе остане запаметена по завршната минута, кога судијата подели два црвени картони, но ниту еден од нив на безобразникот од редовите на гостинската екипа кој два пати плукнал во лицето Sebastiana Penca и на крајот си го издувал носот врз него.

Најверојатно судијата не видел што се случило па не му го покажал патот кон гардеробата, но крајно некултурниот испад не им побегна на очите на камерите...




 

Copyright © 2009 selotejp.com