-->

Стресот може да биде и добар

Умерената количина на напнатост всушност го продолжува животот, покажа последното научно истражување.

Американскиот лекар Мариос Киријазис тврди дека стресот го зајакнува имунитетот и го забавува стареењето, вклучувајќи го и ризикот од Алцхајмерова болест, артритис и некои видови карцином.

-Луѓето најчесто велат дека стресот е виновен за разните болести и пореметувања во организмот, почнувајќи од истоштеноста до лошото расположение и болестите на срцето. Сепак сето тоа е само мит кој луѓето го пренесуваат без размислување, тврди др. Мариос Киријазис.

Американскиот доктор им советува на луѓето да не се плашат и бегаат од стресот.

-Умерената напнатост го поттикнува умереното производство на регенеративните протеини во мозокот, кој го прават овој орган отпорен на болести, како на пример Алцхајмеровата болест. Уште една од добрите страни на стресот е продолжување на краткотрајното помнење кај старите лица чии когнитивни функции нагло слабеат. Истражувањето покажа дека лицата кои по операциите побрзо закрепнуваат најчесто имаат значајна количина стрес, вели Киријазис.

Американскиот експерт им советува на лицата кои се подложни на настинки, во случај на вирусен грип да ја разбијат рутината и да „внесат“ здрав стрес или адреналин. Кратките рокови и стресот на работното место го активираат хормонот кој ја зајакнува одбраната на имунитетот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com