-->

СЗО најверојатно ќе прогласи пандемија на грипот А

Светската здравствена организација (СЗО) најверојатно ќе ја зголеми опасноста од грипт А (H1N1) на највисоко, шесто ниво и ќе прогласи пандемија, изјави генералниот директор на СЗО, Маргарет ен во интервју за денешното издание на шпанскиот весник „Паис“.

- Нивото шест не значи дека ќе дојде до крај на светот. Многу е важно тоа да се разјасни, бидејќи во спротивно кога ќе го прогласиме шестото ниво на опасност тоа би можело да предивика непотребна паника, истакна Чен.

Таа нагласи дека „вирусот на грипот е непредвидлив и залажувачки и не треба да бидеме премногу самоуверени“.

- Не смееме да му дадеме можност на вирусот H1N1 да се измеша со други вируси и поради тоа ги прогласуваме нивоата на опасност, објасни Чен за „Паис“.

Таа предупреди дека не треба да бидеме премногу самоуверени поради стабилизирање на бројот на заболените од грипот А, бидејќи јужната хемисфера треба да влезе во зимски период кога сезоната на гриповите опаѓа.

- Мораме да бидеме многу внимателни. Никој не може да предвиди што ќе се случи кога грипот ќе го достигне врвот на југ и кога ќе стигне нов бран, што без сомневање ќе се случи. Точно е дека бројот на заболените луѓе кои не биле во Мексико е мал, но тоа е затоа што се уште ја немаме видено комплетната ситуација, односно немаме целосна слика за тоа што се случува. Ситуација се развива и вирусот се менува, истакна генералниот директорот на СЗО.

Чен објасни дека е премногу брзо да се даваат прогноси колкав дел од популацијата ќе биде зафатен со новиот грип.

Во меѓувреме, СЗО соопшти дека во нејзините лаборатории потврдени се 985 случаи инфицирани со вирусот H1N1 во 20 држави, како и дека 25 смртни случаи во Мексико ги предизвикал грипот А.

СЗО ја чека евиденцијата за ширењето на вирусот надвор од американскиот континент, пред да го покачи нивото на опасност на највисок, шести степен и да прогласи пандемија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com