-->

Македонците да се обединат како нација

Македонците да се обединат како нација и во напорите да се добие членство во ЕУ и НАТО. Само здружени можеме да издејствуваме враќање на имотите на територија на Грција, велат Македонците по потекло од егејска Македонија, кои оценуваат дека за најмногу пет години Меѓународниот суд ќе донесе ваква одлука.

„Треба и другите политички партии да ни помогнат, да бидеме заедно комплетно. Тоа е една голема гордост за нас, за Македонскиот народ“, изјави Ташко Јованов, член на координативното тело за враќање на имотите.

Се уште не можеме да одиме во Грција ако го напишеме името на родното место, велат децата бегалци од егејска Македонија.

„Може со виза, да се добие, да се оди, но под услов да не се пишува родното место под македонското име“, вели Егеец од Леринско.Македонците отсекогаш постоеле и ќе постојат, а книгата на бугарскиот архив издадена на Грчки јазик со кој се негира нашиот идентитет е фалсификат, велат егејците.

„Грција треба да одговори, кои луѓе ги прогони во Бугарија 1919 година, кои луѓе ги прогони во Турција 1923 година. Бугарија треба да одговори, ако Македонците се Бугари, зошто ништо не направи за нив, за своите браќа во Грција од Балканските војни до денес“, вели Тодор Петров, Светски Македонски конгрес.

Здруженијата на Македонците од егејска Македонија, велат дека наредната година очекуваат на традиционалниот второмајски излет во Сарај да им се придружат и останатите етнички заедници во земјава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com