-->

Во Охрид претставен туристичкиот потенцијал на Македонија

Охрид како град има огромни туристички потенцијали, но треба понудата повеќе да се шири за да биде привлечна светска дестинација во текот на целата година.

Македонија, Албанија и Црна Гора заеднички со добар маркетинг треба да настапат на туристичкиот пазар, беше констатирано на мини бизнис форумот во Охрид на тема туризам и можности за инвестирање во оваа дејност.

- Оваа дестинација е доста привлечна доколку се развива и понатаму во склоп на светските метрополи - рече Михаил Шмит, претставник од германската комора за туризам.

Самото нивно доаѓање на овој форум покажува дека нашата држава е интересна и привлечна за странските инвеститори, велат од Министерството за економија.

Презентацијата на можностите и капацитетите се едни од важните сегменти за привлекувањето на странските инвеститори, вели Вања Стефковска од Туристичката комора на Македонија.

Покрај презентација на Македонија како самостојна туристичка понуда за странските туристи привлечен ќе биде и регионалниот пакет кој воедно освен соработка ќе значи и поголема придобивка, велат од Министерството за економија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com