-->

Аспиринот го намалува ризикот од рак

Лицата во своите четириесетти години со земање аспирин го намалуваат ризикот во поодминатите години од животот да заболат од рак, покажа последното британско истражување.

Истражувачите заклучиле дека лицата кои десетина години земале аспирин имаат помал ризик од канцер. Сепак долгорочното земање на лекот исто така го зголемува ризикот за чир на стомакот и гастроинтестинално крвавење.

Резултатите од истражувањето, објавени во „Lancet Oncology“ покажаа дека секојдневното консумирање аспирин ги намалува ризиците од рак кај четириесетгодишниците.

-Земањето аспирин на оваа возраст, која се создаваат предусловите за појава на рак, може да биде најдобриот начин да се спречи болеста и да прогресира во вистински рак. Ризикот за несакани ефекти од аспиринот се зголемува после 60-тата година од животот, оттука долгорочниот третман во 40-те години ќе ги минимизира несаканите последици, вели др. Џон Кјузик, автор на студијата.

Сепак Кјузик истакна дека потребни се дополнителни истражувања пред лекарите да почнат да препорачуваат секојдневно превентивно земање аспирин.

Статистичките податоци покажуваат дека едно од три лица во текот на животот заболуваат од некој вид на рак во текот на животот. Во половина од случаите канцерот најчесто се јавува на градите, белите дробови, црниот дроб и на простатата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com