-->

Се застрелал во сон

Едно 24 – годишно момче од Алабама се застрелал додека спиел со пиштол под перницата.

На полицајците им рекол дека секогаш чува оружје под перницата затоа што живее во соседство во кое често ’оперираат’ провалници, но не знаел да објасни зашто пиштолот му бил откочен.

Тој имал среќа што куршумот му поминал низ рамото, и докторите после операцијата соопштија дека за неколку дена ќе излезе од болница.

“Постојано ги предупредуваме луѓето да не чуваат оружје под перницата, затоа што нивните глави се метата. Никој не размислува за последиците.“- рекол полицаецот кој бил на увид на местото на несреќата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com