Претседателот на "Лацијалите" Клаудио Лотито потврди дека тој сака да го задржи нашиот Пандев што е можно подолго и ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат Пандев со Јувентус, по три часовниот состанок со Пандев и неговиот агент, Карло Палавичино.
"Сеуште немаме добиено ниту една понуда за Горан од било кој клуб", објасни председателот на Лацио.
"Ние ќе направиме се за да го задржиме Пандев. Доколку Горан се премисли и остане кај нас уште две години, тој ќе има статус каков што заслужува", додаде претседателот на Лацио Клаудио Лотито.
Нашиот интернационалец е во Лацио од 2004 година. До сега има одиграно вкупно 137 натпревари во Сериа А и има постигнато 48 погодоци.