Емоциите екслодираа кога Иниеста го постигна голот во 93-та минута. Радоста на едната и лутина на другата страна. Момците во сино не можее да се помират со фактот дека се елиминирани на таков начин.
"Судењето беше срамота. Судијата требаше да досуди 3 или 4 пенали во наша корист. Срамота е во полуфинале на ЛШ да има ваков судија" - не можеше да ги скрие емоциите Дрогба, кој можно е дури и да заработи казна заради начинот на кој му се обраќање на судијата по крајот на натпреварот, а пради што и доби жолт картон, откако веќе беше свирен крај.
Ниту капитенот Тери не можеше да се помири со ваквата ситиација:
"Тоа не може да се случи никаде во светот. Може судијата да не го свири првиот пенал, но останатите...Не е чудно што по натпреварот покажавме вишок емоции. Не смеевме така да реагираме, но факт е дека дури 6 одлуки беа против нас" - изјави Тери
Многу контроверзна изјава, но во малку скриена форма имаше менаџерот на Челзи Гус Хидник, кој изјави дека делегирањето на норвешкиот судија може да е тесно поврзано со индиректна помош за Барселона заради избегнување повторно на две екипи од островот да играат во финалето.
"Во оваа фаза на натреварите мора да судат најдобрите судии, од најдобрите лиги: Англија, Италија, Шпанија и Германија. Многу ситуации беа против нас, не само една"
Дали и колку има вистина во зборовите на Хидинк е дискутабилно, но факт е дека имаше пенали кои судијата не ги виде, иако и црвениот картон за Абидал беше незаслужено доделен. Можеби тоа е трикот за алиби за несудените пенали, којзнае...