-->

Алкохолот го спржува мозокот

Алкохолот веројатно е виновникот за еден од четирите случаи на деменција, предупредија докторите.

Последната студија покажа дека жените се изложени на поголем ризик, особено затоа алкохолот посилно делува врз нивниот мозок.

Негативните ефекти врз мозокот кои се последица на преголемото консумирање алкохол најчесто се занемаруваат, но би требало да им се даде истиот приоритет како што тоа се прави со болестите на црниот дроб, вели истражувачот.

Научниците предупредија дека се поголемата жед за алкохол кај младите може да резултира со епидемија на мозочни болести, поточно со појава на деменција уште во 40-те години од животот.

Жените се изложени на поголем ризик затоа што нивното тело е помалку способно да се справи со токсичните ефекти на алкохолот, велат научниците.

Студијата покажа дека од 10 до 24 отсто од вкупно 700.000 случаи на деменција во Британија, како и на Алцхајмеровата болест се поврзани со алкохолот.

-Луѓето сметаат дека деменцијата е нешто кое се јавува после 65-та година од животот. Но, голем дел од оние кои се помлади од 65-години имаат когнитивни проблеми кои се последица на алкохолот, вели др. Џејн Маршал, автор на студијата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com