-->

Нови разголени фотографии на Мис Калифорнија

На Кери Прежан, 21 - годишната убавица која се декларира како христијанка, повторно и се заканува одземање на круната откако во јавноста се појавија нови фотографии на кои таа ги открива своите атрибути.

Кери Прежан се нашла во средиште на скандал кога на почетокот на месецот се објавија разголени фотографии кои таа ги снимила кога имала 17 години. Тогаш се нагаѓаше дали таа поради разголувањето ќе остане без својата круна, но од дирекцијата за Мис биле толерантни па таа ја задржала круната. Можеби и поради тоа што првите фотографии и не биле толку експлицитни.



Но сега ситуацијата е малку поинаква. На новите фотографии се гледаат градите на мисицата која се претставува како христијанка на која и се важни семејните вредности и која јасно се изјаснила против истополови бракови.

Кери сепак објаснила дека целиот овој скандал настанал поради нејзината изјава за хомосексуалците и дека секој греши па така и таа.

Не така одамна и Мис Русија, Софија Рудова се најде во скандал но, нејзините фотографии беа на работ на порнографија, наводно таа и свое мало порно видео.


 

Copyright © 2009 selotejp.com