-->

ЕК следната недела за укинување на визниот режим

Европската комисија в понеделник ќе го објави извештајот кој неофицијално ја потврдува препораката за укинување на визите за патување во земјите на ЕУ за оние кои имаат пасоши од Македонија, Црна Гора и најверојатно Србија.

Оваа мерка би требало да стапи на сила на 1 јануари 2010 година, додека босна и Херцеговина ќе мора да почека најмалку уште половина година по првиот бран западнобалкански држави кои ќе добијат безвизен режим, јави „Гласот на Америка“.

Препораката се однесува на Македонија, Црна Гора и најверојатно Србија, како држави кои најмногу направиле на усвојување на стандардите и исполнување на условите за укинување на визите.

Доколку на јунската средба европските министри го поддржат предлогот на Комисијата, тој, по ратификувањето во националните Парламенти на членките на ЕУ, би станал конкретна мерка на 1 јануари следната година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com