-->

Ван Бастен го напушти Ајакс


Марко Ван Бастен од денес не е повеќе тренер на Ајакс, потврди славниот клуб од Амстердам.

„Основната причина поради која е прифатена оставката на Ван Бастен е што тој не ги исполни поставените задачи и поради тоа што смета дека не може да придонесе повеќе во следната сезона“, соопшти Ајакс.

На едно коло пред крајот Ајакс е на третото место и нема шанси за напредок. Титулата уште од порано ја освои АЗ, додека директно место во ЛШ обезбеди Твенте.

Ван Бастен (44) го водеше Ајакс од јули 2008 година, откако претходно четири години беше селектор на Холандија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com