Група хакери вчера ја „пробиле“ Веб-страницата на албанскиот претседател Бамир Топи.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на аганецијата ИНА,наводно станува збор за т.н. група „Маседониан Дарк Секјуритис“ која навела дека тоа го прави од одмазда за упадот на албанската хакерска група „КХГ“ во веб страницата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
„Не играјте си со нас“ и повеќе фотографии и карти на Македонија биле поставени на веб страницата на Топи.
Прикачената содржина службите од кабинетот на Топи по неколку часа ја елиминирале и страницата ја довеле во нормална состојба.