-->

Далечинско бришење податоци

Fujitsu во соработка со јапонската компанија Willcom изработи посебна безбедносна опција која ќе овозможи далечинско бришење на сензитивните податоци (или на било кои други податоци) од украдените компјутери.

Од Fujitsu велат дека првиот notebook кој ќе биде опремен со ваква технологија ( и со криптиран хард диск) ќе се појави во јапонските продавници во третиот квартал на годинава.

Компјутерот ќе доаѓа со вграден PHS модул кој овозможува notebook-от да прими сигнал за бришење на клучот за декриптирање на податоците од хард дискот. Интересен е податокот што оваа опција функционира и тогаш кога компјутерот е исклучен, како и тоа дека со оваа опција, крадците нема да можат да го бутираат компјутерот.

Секоја безбедност има своја цена. Fujitsu месечно ќе наплаќа од 5 до 10 американски долари за својата нова технологија, наменета пред се за бизнис сегментот на пазарот. Компанијата се надева дека во првите 12 месеци ќе успее да продаде 100.000 notebook компјутери.

Засега оваа технологија останува достапна само за Јапонија, а причината за тоа е што Willcom ја нема поставено својата PHS мрежа во ниту една друга земја. Fujitsu тврди дека оваа е прв вид безбедност од овој вид.

 

Copyright © 2009 selotejp.com