-->

Соковите се виновни за дехидрацијата

Кока колата од која испарил јаглерод диоксидот и лимонадата можат да предизвикаат штетни последици кај децата болни од стомачна инфекција, предупредуваат експертите.

Последните анализи на британската Национална здравствена служба докажа дека се неосновани тврдењата дека слатките пијалаци го рехидрираат организмот на децата. Резултатите го покажаа спротивното дека овие пијалаци дополнително ги влошуваат симптомите.

Овошните сокови и газираните пијалаци исто така не помагаат, велат експертите и советуваат на децата да им се даваат електролити во прав, растворени во вода.

Новите препораки на британските здравствени служби се наменети за лекарите кои водат грижа за децата до петгодишна возраст.

Многумина родители сметаат дека газираните пијалаци се делотворни, пред се затоа што го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Доктор Стивен Марфи, претседател на комисијата кои ги издаде препораките, тврди дека микроорганизмите честопати привремено ги оштетуваат ѕидовите на стомакот и цревата и оти пијалаците со висока количина на шеќер дополнително ја влошуваат ситуацијата. Во оралните раствори за рехидрирање на организмот постои правилен сооднос меѓу количината на шеќерот и солта, при што шеќерот ја поттикнува апсорпцијата на солта.

Мајките, чии бебиња имаат стомачна инфекција и се уште не се дехидрирани треба да продолжат да ги дојат, додека оние деца кои закрепнуваат треба да се поттикнуваат нормално да пијат и јадат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com