-->

Вуд снима албум за својот пропаднат брак

Гитаристот на Ролинг Стоунс Рони Вуд планира да издаде сопствен албум со кој на светот ќе му ја открие вистината за брачниот живот со Џо, која ја остави поради скоро малолетната Екатерина Иванова.

Рони и се враќа на соло кариерата по скоро осум години пауза, а инспирацијата за соло албумот му е разводот од Џо Вуд, со која беше во брак 23 години.

Упатениот извор вели дека Рони зад себе има турбулентна година во која се разведе од Џо и најде нова љубов во 20 годишната келнерка Екатерина Иванова, па има многу материјал за новиот албум.

А како сето тоа ќе звучи, ќе дознаеме кон крајот на годинава кога албумот би требало да се најде во продажба.

 

Copyright © 2009 selotejp.com