-->

Девојче може да пие апсинт како вода, а дневно испива литар водка

Џејми – Ли Деј (17) вели дека попрво би купила водка отколку било што друго, таа се фали дека пие Апсинт како вода. Тинејџерката секој ден пие литар водка и осум лименки пиво.



Британката Џејми – Ли Деј (17) својот месечен џепарлак го троши на алкохол. Таа вели дека попрво би купила водка отколку било што друго. Тинејџерката почнала да пие од 12 години а таа поради алкохолот морала да се откаже и од училиштето затоа што не можела пијана да ја следи наставата. Таа вели дека апсинтот го пие како вода, и дека дневно пие по литар водка и осум лименки пиво. Таа скоро секој ден кога ќе се напие ќе се истепа со некого. Таа признава дека алкохолот и е потребен во животот и таа попрво би пиела отколку да изеде нешто.

“Мајка ми се грижи. Таа не знае што да прави со мене. Ми остава пари за алкохол затоа што гледа дека ми е потребен.“- изјавила Џејми за Daily Mail.
Анонимен рече...

Ova epten lici na eden moj drugar (dzinot) samo toj so pie po gajba pivo na den :D

 

Copyright © 2009 selotejp.com