-->

Рибери ќе се одлучи во текот на следната недела


По многубројните шпекулации за иднината на Рибери и тоа кој ќе го грабне и за колку, францускиот интернационалец се огласи дека одлуката ќе ја каже во текот на следните недели.

Според неговата изјава по се изгледа дека ни тој сам не е одлучен што сака да прави:

„Тешко дека ке останам во Минхен доколку не сме први или втори. Затоа Баерн под секоја цена мора да се бори да оди во Лигата на шампионите без квалификации.“

Во своите редови Рибери го посакуваат Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи. Доколку се случи да си оди, Баерн веднаш тргнува по Диего од Вердер, за кој се шпекулира дека ќе оди во Јувентус.

„Ќе разговарам со моите агенти, но иднината околу трансферот ќе ја донесам сам. Знам што се шпекулира низ медиумите и знам кој се заинтересирани за мене“ изјави Рибери.

Неговиот тим, Баерн во моментов се наоѓа на втората позиција во Бундеслигата со 3 поени заостанување зад Волфсбург, според што тој би размислувал и за останување, а од останатите тимови се шпекулира дека Манчестер Јунајтед има најголема понуда од околу 70 милиони евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com