-->

Шварценегер ќе поддржи легализирање на марихуаната во Калифорнија

Гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, смета дека е време да се спроведе јавна дебата за легализирање на марихуаната во оваа сојузна американска држава, пишува денеска весникот “Гардијан“.

Вака Шварцененегер го коментирал истражувањето на јавното мислење, според кое 56 отсто од анкетираните се изјасниле за легализирање на продажбата на марихуана. Гувернерот Шварценегер рекол дека е подготвен да поддржи еден таков чекор, уште повеќе затоа што даноците од овој вид на трговија ќе покријат дел од буџетскиот дефицит на државата.


 

Copyright © 2009 selotejp.com