-->

Русија лансира воен сателит

Русија лансира воен сателит. Ракетата носач „Сојуз 2“ беше истрелана од космодромот Плесецк, по што вселенскиот апарат од серијата „Космос“ се оддели успешно од неа, јави Итар Тасс.

Целта на лансирањето на комуникацискиот сателит „Меридијан“ е да се зголеми рускиот вселенски потенцијал за воена намена.

Рускиот заменик-министер за одбрана Владимир Поповкин на 10 април соопшти дека оваа година неговата земја ќе изведе во вселената два комуникациски сателити и „принципиелно нов разузнавачки вселенски апарат“. - Русија во последните неколку години не истрелала такви апарати, истакна Поповкин.

 

Copyright © 2009 selotejp.com