-->

Во Струмица приведена осумчлена група крадци

Струмичката полиција откри осумчлена група крадци која во периодот од 31 декември минатата до 20 мај оваа година „оперирала“ по станови, куќи, магацини, цркви и помошни простории на територијата на Струмица.

Цел на 12 досега расветлените тешки кражби биле денари, евра, долари, златен накит, техничка стока и други вредни предмети при што е причинета вкупна штета од околу 402.000 денари.

Поради основано сомневање дека учествувале во незаконски дејствија, кражби и загрозување на имотот на граѓаните полицијата ги приведе лицата П.А. (25), Ш.М. (21), Р.М (19), А.А. (18), О.И. (18) и малолетните Ќ.М (17) и Б.М (16) , а против лицето И.М. истражниот судија примени мерка притвор од 30 дена. Против сите лица се поднесени кривични пријави.

 

Copyright © 2009 selotejp.com