Премиерот Владимир Путин во синоќешното интервју навести дека во 2012 година повторно би можел да се кандидира за претседател на Русија. Тој наведе дека за таква одлука се` уште не се разговарало меѓу него и неговите соработници и актуелниот шеф на руската држава Дмитриј Медведев.
- Имам добри односи со претседателот Медведев. Секој од нас ја работи својата работа и секој од нас има подрачје во кое е подобар, истакна Путин.
Тој тврди дека економската криза ќе одлучи кој од нив двајцата во 2012 година ќе ја извршува претседателската функција.
- Го познавам многу долго и знам дека при донесување на одлука за својата политичка иднина ќе ги има во предвид интересите на земјата, истакна Путин.
Медведев на претседателската функција дојде во мај минатата година, но многумина аналитичари веруваат дека Путин е најмоќниот играч на руската политичка сцена. Рускиот претседател го продолжи мандатот од четири на шест години, а тоа се протолкува како мерка што ќе ово