-->

Прва пациентка на која и е пресадено лице

Кони Кулп е прва американка со пресадено лице. Без нос, уши и образи Кони останала уште во 2004 година, кога нејзиниот поранешен сопруг и пукал во глава.



Првата Американка на која и трансплантирале лице одлучила на јавноста да и го покаже ремек делото на своите доктори. Кони Кулп (46) од Кливленд, пред масата новинари им се заблагодарила на хирурзите. Сопругот на Кони во 2004 ја застрелал во глава. Куршумот и го уништил носот, образите и горната вилица. На лицето тогаш и останале здрави само очите. Таа не можела да диши па била ставена на апарати, а без устата таа одвај и говорела. Во декември минатата година нашле донатор за Кони.



“Сакам да им се заблагодарам на докторите и на семејството на донаторот, кои ми подарија најубав подарок за Божиќ.“ - изјавила Кони.

Операцијата траела 23 часа. За време на операцијата ткивото на починатиот донатор е обликувано и сместено на коските на лицето на Кони. За новата кожа на лицето хирурзите ги споиле сите жили, нерви и коски кои недостигале. Се уште таа не може да ги мрда мускулите на лицето, но докторите очекуваат тие наскоро да профункционираат. Пред трансплантацијата на лицето Кони имала дури 30 операции со кои се обидела да ги врати основните функции на лицето како би можела нормално да живее. Иако постои ризик Кони да го отфрли трансплантатот, докторите велат дека телото сепак не покажува такви знаци.








 

Copyright © 2009 selotejp.com