
Но, како најсигурно возило е оценета „Тојота Авенсис”, модел 2003-2008. Во класата на најсигурни мали и средни по големина автомобили се вбројуваат и моделите на „Алфа Ромео”.
Во извештајот на „Фолксам” лошо се оценети, на пример, ”Пежо 106”, „Шкода Фелициа”, „Фиат Пунто” и постарите модели на „Тојота Корола”.
Резултатите се базираат врз 105.000 сообраќајки кои се случиле во периодот од 1995 до 2008 година. Она што најмногу е подобрено кај автомобилите е пред се поголеми и посигурни кабини со повеќе видови заштитни перници.