-->

Хидинк: "Со тешко срце ќе го напуштам Челзи"

Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк изјави дека ќе му биде многу тешко да го напушти клубот.


Познато е дека тој само привремено ја презеде екипата и ќе ја води до крајот на сезоната, а потоа ќе продолжи да работи како селектор на репрезентацијата на Русија. И покрај ваквите изјави се дознава дека Хидинк можеби ќе остане на Стемфорд Бриџ.

"Ми се допаѓа тука. Ја сакам работата. За мене е задоволство да тренирам такви големи фудбалери со кои располага Челзи. Тие сакаат да ги освојуваат титулите и Купот со синиот дрес. Тоа секогаш е претпоставка за успех. Се уште не сакам да ја коментирам мојата иднина" -вели Хидинк.

Во исто време, Хидинк побара воведување на видео-технологија за клучните моменти на средбите. Според него ако таква технологија била воведена исходот од полуфиналната средба во Лигата на шампиони против Барселона ќе бил поинаков. Челзи отпадна, а Хидинк смета дека главниот судија не досудил неколку чисти пенали за нив.

"Таквата технологија е воведена во некои спортови, како рагбито и американскиот фудбал. Секој играч ќе почека 5 секунди за да судијата ја види ситуацијата повторно и да ја донесе вистинската одлука" - заклучи Хидинк.

 

Copyright © 2009 selotejp.com