
Американецот Брајан Дрон, со каубојски шешир на глава го јавал својот коњ во предградието на Денвер. Полицијата го казнила 25 долари затоа што го јавал животното под дејство на алкохол. Полицаецот Џеф Монзиго во 15 – годишната кариера немал ваков случај. Не знаеле што да прават со коњот, затоа што во ваков случај автомобилот го носат со влечна служба. Сопственикот на една коњушница им понудил на Дрон и Крикет превоз до дома.