Појавата на свинскиот грип го вознемири целиот свет, но својата прилика за заработка на туѓата несреќа, како и многу пати до сега, повторно ја најдоа спамерите.
Trend Micro ги предупреди своите корисници дека нивниот тим забележал појава на малициозни e-mail пораки со наслов "Swine flu epidemic" и "Swine flu affects entire world". Но, наместо вести поврзани со овој вирус и неговото ширење, линковите во овие пораки водат кон страници на кои се продава Вијагра и други "медицински помагала".
Хуан Пабло Кастро од Trend Micro вели дека свинскиот грип полека ќе се трансформира и во компјутерски вирус, кој искористувајќи ја конфузијата и стравот на луѓето - би се ширел преку спам пораки и би инфицирал голем број на компјутери.
Решението во борбата против овие мејлови е едноставно - не ги отварајте.