-->

Повеќе алкохол – повисоки казни

Измени во законот за безбедност во сообраќајот – отсега, висината на казната за возење во пијана состојба ќе се одредува според тоа колку алкохол испил возачот, од 250 до 400 евра.



Во нашата земја е дозволено 0,50 промили алкохол во крвта, но досега секое надминување на таа граница се казнуваше со 400 евра, независно од тоа сали возачот имал 0,60 или високи 2 промили во крвта. Со новиот закон, помалку пијаните возачи ќе бидат поштедени од највисоката казна и ќе платат според тоа колку пиеле, додека највисоката казна ќе треба да ја платат само “тешките” случаи.



Бидејќи количината на алкохол во крвта не зависи само од количината испиен алкохол, туку и од телесната тежина на човекот, возачите треба и тој факт да го земат во предвид кога управуваат со моторно возило.

 

Copyright © 2009 selotejp.com