Најопасните вируси се чуваат во Тексас
Во Американската биолошка лабораторија во Галвестон, Тексас живее најопасната збирка на зарази. Нови болести постојано се појавуваат во светот, честопати како варијација на веќе познатите, но за да бидеме сигурни за што станува збор, примероците од вирусите и бактериите се праќаат на анализа во лабораторијата во Галвестон.
Во зградата од 52.000 квадратни метри, лабораторијата на универзитетот во Тексас ја чува сопствената збирка на причинители на најопасните болести. Овие американски научници, при препознавањето и проучувањето на новите болести, соработуваат со експерти од најразлични делови од светот.
Заменик директорот на лабораторијата Џејмс ЛеДук вели дека во институцијата се вработени експерти за најразлични болести, почнувајќи од чума и антракс, па се до специјалисти за обичен грип и некои помалку познати болести.
-Доколку не можеме да го препознаеме организмот, правиме молекуларна анализа на вирусот или бактеријата и ја тестираме на најразлични начини за да можеме добро да ја класифицираме, изјави ЛеДук.
Доколку микроорганизмот предизвика смртен случај и не е препознаен, тогаш примерокот доаѓа во делот од зградата каде има највисок степен на безбедност. Овој оддел е одвоен од останатиот дел од зградата, а вработените носат посебни пластични одела, кои потсетуваат на оние кои ги носат космонаутите.
-Лабораторијата е опремена со најсовремена технологија, која може да ни помогне и при откривање на биолошки тероризам. Истото знаење и тестови ги користиме и кога станува збор за природни зарази и кога тие се намерно предизвикани, вели ЛеДук, додавајќи дека најважно од се е да се подобри дијагностиката, да се пронајде најдобар третман и секако најдобри мерки за превенција на идните зарази.
Националната лабораторија во Галвестон е отворена во август 2008 година, неколку недели пред овој регион да биде погоден од ураган. Лабораторијата е така изградена што може да издржи и силни невремиња. За време на ураганот, лабораторијата остана неоштетена.
ЛеДук истакна дека сигурноста е неверојатно важна особено затоа што овде се чуваат најопасните заразни болести.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)