-->

Нарколепсијата е поврзана со имуниот систем

Научниците открија генетски докази кои укажуваат дека нарколепсијата, болест поврзана со нарушено спиење, е во релација со клетките на имуниот систем.

Новото истражување укажува дека Т-клетките можат да ја предизвикаат појавата на оваа болест преку напаѓање на мозочните клетките во центарот за спиење.

Нарколепсијата, која предизвикува екстремна поспаност во текот на денот и ненадејна мускулна слабост и претходно се поврзуваше со проблеми во имунолошкиот систем.

Научниците од Стенфорд универзитетот велат нарколепсијата е мистериозна, нецелосно разоткриена состојба која им создава проблеми на лицата кои ја имаат. Таа може да предизвика „напади на спиење“, без никакво предупредување и тоа за време на било кое нормална активност. Во ваква состојба некои луѓе доживуваат каталепсија, при што силните емоции како што се лутината, изненаденоста или смеата може да предизвикаат инстантно губење на силата на мускулите, поради што во некои случаи и доаѓа до колабирање.

Засега нема лек за нарколепсијата, освен некои посебни третмани кои помагаат за минимизирање на симптомите. Лицата кои боледуваат од нарколепсија се препорачува што почесто да зборуваат и во текот на денот по малку да дремнуваат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com