- Главаш денеска ќе даде изјава во Сараево, а потпа ќе биде ослободен бидејќи како државјанин на Босна и Херцеговина не може да биде испорачан во Хрватска, изјави адвокатот на Главаш, Никица Гржиќ.
Главаш во интервјуто за денешниот број на „Дневни аваз“ изјави дека сака да му се суди во БиХ, бидејќи тој процес би бил правичен. Тој истакнува дека пресудата на Жупанскиот суд во Загреб е „резултат на политичката директива на Санадер, кој адатира уште од април 2005 година“.