-->

Два македонски филма во кино во мај

Македонските филмови „Плати и жени“ и „Созерцание“ ќе се најдат на кино-репертоарите во текот на мај.

Документарниот филм „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, кој неодамна ја освои првата награда на европскиот фестивал на документарни филмови во Нион, од понеделник ќе се прикажува во киното „Милениум“.

„Созерцание“ на Иво Трајков ќе биде на програмата на Кинотеката на Македонија од 16 мај.

Двата филма беа прикажани на Скопскиот филмски фестивал, што се одржа на крајот на април.

 

Copyright © 2009 selotejp.com