-->

Викторија стегната и ретуширана во новата кампања на Армани

Иако признала дека на нејзиното тело и смета помалку опуштената кожа, фотографијата на Викторија Бекам за новата линија на долна облека Armani го покажа нејзиното совршено затегнато тело. Да, очигледно проработел дискретниот шарм на Фотошоп.


Новиот џамбо плакат кој ја покажува Викторија Бекам во чипкана долна облека го покажа и нејзиното совршено издефинирано тело.

Иако 34 – годишната Викторија, мајка на 3 деца, неодамна призна дека на своето тело не ја сака помалку опуштената кожа, таа на фотографиите за кампањата на Armani изгледа совршено.

Според некои информации Вики и Дејвид добиле сума од 32 милиони фунти за рекламирањето на долната облека на Armani.

Плакатот бил свечено откриен во Macy’s во Њујорк .

 

Copyright © 2009 selotejp.com