-->

Исхраната е клучна за чирот на желудник

Еден од најголемите ризик фактори за појава на чир на желудник е неадекватната исхрана, како што е нередовно јадење, дебелеење, храна богата со зачини или намирници кои од разни причини ја нарушуваат секретната и моторната функција на желудникот.

Луѓето кои боледуваат од чир на желудник треба да внимаваат на исхраната, која се утврдува во зависност од болеста, односно дали станува збор за мирна фаза, фаза на болки или проблеми со желудникот и другите органи.

Организмот мора да ги добие потребните хранливи материи, кои му се неопходни за извршување на физиолошките потреби, но истовремено треба да ги заштитиме органите од хемиски, механички и топлински надразнувања. За оваа цел, експертите советуваат да се придржуваме до препорачаниот режим на исхрана со кој се одредува видот на намирниците, ритамот и бројот на оброците.

Јаглехидратите би требало да обезбедат 55 до 65 отсто од енергетските потреби. Внесувањето на рафиниран шеќер и слатки треба да се намали или потполно да се отстрани од исхраната. Белковините би требале да обезбедат 10 до 15 отсто од енергетските потреби, додека мастите, поточно незаситените масни киселини треба да обезбедат 15 до 30 отсто.

Изборот на намирници треба да биде таков што ќе обезбеди разновидност на оброците. Со пропишаната исхрана ќе се избегнат намирниците кои предизвикуваат зголемена секреција на слузокожата на желудникот.

Кога станува збор за ритамот и бројот на оброците, експертите советуваат четири до пет оброка дневно, со тоа што последниот оброк во ниту еден случај не смее да биде непосредно пред спиење.

Лицата кои боледуваат од чир на желудник треба да избегнуваат бибер, сенф, пиперка, кафе, алкохол, како и премногу топли или премногу ладни јадења.

 

Copyright © 2009 selotejp.com