-->

Дома > Спорт На Фелпс му истече забраната за натпреварување

Денеска истече тримесечната суспензија поради користење на марихуана за американскиот пливач Мајкл Фелпс и тој идната недела ќе се натпреварува на митинг во Шарлот.

Фелпс за АП изјавил дека заборавил оти денеска му истекува казната, додавајќи дека како и секој друг ден, голем дел од времето го минал во базен.

Митингот во Шарлот ќе биде прво натпреварување на Фелпс по ЛОИ во Пекинг, на кои освои рекордни осум златни медали.

Пливачкиот сојуз на САД во февруари го суспендираше Мајкл Фелпс откако еден британски таблоид објавил негова фотографија од студентска забава, на која се гледа дека Американецот користи дрога.

 

Copyright © 2009 selotejp.com