-->

Момче од Куманово со нож се обидело да убие врсник

18- годишниот кумановец Дарко Станковски денес полицијата го спроведе до Основниот суд во Куманово под сомнение дека сторил кривично дело “Убиство во обид”.

Имено, пријавениот кој е средношколец во средно техничкото училиште “Наце Буѓони” имал претходна вербална расправија со негов врсник Д.Д. од градот. Станковски вчера му се јавил телефонски на оштетениот по што се договориле да се сретнат во градскиот парк “Соколана”.

Според полицијата пријавениот веднаш го нападнал момчето со нож нанесувајќи му убодна рана во пределот на вратот по што избегал од местото на настанот.

Повредениот завршил во болница на понатамошно лекување, а Станковски подоцна полицијата го привела. Ножот е предаден на вештачење.

Таткото на Станковски, Драган денес не сакаше да зборува пред камерата тврди дека се работи за општа тепачка, а двајцата млади потекнуваат од две пријателски семејства. Според него во тепачката е употребен привезок, а не нож како што потврди полицијата.

Како причина за настанатата тепачка неофицијално се споменува девојка.

 

Copyright © 2009 selotejp.com