-->

ИТ.ЕУ: Интернет без граници

ИТ.ЕУ: Интернет без границиЕвропската комисија денеска го објави „eYouGuide“ водичот за онлајн правата на интернет корисниците. Алатката ќе им послужи на сите корисници кои не се баш запознаени со европските закони, така што ќе ги информира за сите поконкретни теми како купување онлајн, симнување музика, законите за интернет провајдерите и приватноста.

Според истражувањето на Евробарометарот, само 12% од европските интернет корисници се чуствуваат безбедно кога се во прашање онлајн трансакциите и купувањето. 65% од корисниците воопшто не знаат каде да најдат информации за купување преку границите во ЕУ. Иако 1/3 е расположена да купи нешто онлајн од друга земја, зошто е поевтино или подобар продукт, само 7% од нив го прават тоа.

Затоа „давајќи добри информации на корисниците за нивните права ќе ја зголеми довербата и ќе овозможи да се искористи економскиот потенцијал на европскиот единечен отворен пазар, што вреди 106 милијарди евра“, пишува во официјалнито соопштение.

Овој водич ги објаснува правата кои ги имаат корисниците кога се онлајн:

  • јасна информација и услови за купување,
  • како се користат нивните приватни информации,
  • испорака во рок од 30 дена,
  • 7 дена „празен“ период во кој корисниците ќе можат да се предомислат,
  • минимум 2 години гаранција на одредени продукти ...

ИТ.ЕУ: Интернет без граници

.com и .net домени
Европската комесарка за информатичка технологија Вивиен Ридинг повика ICANN, организацијата одговорна за издавање домени како .com и .net, да биде ослободена од притисоците и да биде независна.

Internet Corporation for Assigned Names and Numbers (ICANN) е не-профитабилна организација која до сега беше под договор за соработка со американската влада. Поточно тој договор истекува на 1 Октомври годинава.

Комесарката Ридинг го повика американскиот претседател Барак Обама да се согласи со „нови, потранспарентни, подемократски и повеќе јазични форми на интернет владеење“.

Според комесарката, ICANN организацијата која го одржува изгледот на интернетот, треба да биде ослободена од било која владина контрола и да биде организација на милионите корисници од целиот свет.

 

Copyright © 2009 selotejp.com