-->

Најважните здравствени правила за жени

Нискиот индекс на телесна маса ја намалува плодноста, додека сончањето ја зголемува. Жените кои ќе родат барем две деца во 20-те го намалуваат ризикот од рак, а 200 оргазми годишно ја намалуваат женската психолошка старост за шест години. Ова се некои од правилата кон кои научниците веруваат дека жените треба да се придржуваат.

pravilza-zeni1 by you.

Ни претераната хигиена не е добра
Околу 30% од жените не ги мијат доволно добро своите раце, меѓутоа обичниот сапун и водата се сосема доволни за одржување на хигиената, па затоа не треба да посегнувате по разни антибактериски сапуни средства за дезинфекција бидејќи може да постигнете сосема спротивен ефект. Не само што со нивното користење нема да спречите појава на настинки и грип, туку тие можат да и наштетат на рамнотежата на бактериите во нашите тела, бидејќи им овозможуваат на посилните бактерии да станат доминантни.

Избегнувајте газирани пијалоци
Диеталните газирани пијалоци содржат фосфат во облик на фосфорна киселина која се користи за подобрување на вкусот, а означена е како Е338 на листата на состојки. Таа докажано ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот. Истражувањата покажуваат дека густината на коските кај жените кои консумирале пет газирани пијалоци неделно е за 4% пониска, што не е малку кога станува збор за човечките коски.

Не слабејте премногу
Идеалниот индекс на телесна маса (BMI) е околу 24. За жена со просечна висина од 163 cm тоа значи дека би требала да тежи 63,5 килограми. Иако за ризиците кои со себе ги носи дебелината (го зголемува ризикот за заболување од дијабетес, рак и болести на срцето) се знае и пишува многу, малку се познати негативните страни на претераното слабеење. Нискиот BMI индекс влијае на плодноста, па така жените со BMI индекс помал од 18,5 имаат помали шанси за зачнување, а и поголеми шанси да заболат од остеопороза.

Не пушете
Пушењето не само што предизвикува рак на белите дробови, туку и рак на грлото на матката. Ракот на грлото на матката го предизвикува ХПВ вирусот, а никотинот ја слабее отпорноста на организмот на овој вирус.

Сончајте се доколку сакате да забремените
Еден од најголемите причинители на неплодност кај жените е полицистичниот синдром на јајниците кој предизвикува нередовни овулации. Повеќето жени кои страдаат од овој синдром и не овулираат редовно имаат недостаток на витамин Д, тврдат стручњаците за плодност. УВ зраците се еден од главните извори на витаминот Д, а само 20 минути дневно на сонце се доволни за телото да обезбеди потребна доза од овој витамин. Се што е повеќе од ова е штетно за нашето здравје.

pravilza-zeni-2 by you.

Јадете повеќе банани
Четвртина од средовечните жени страдаат од депресија. Познато е дека депресијата е поврзана со ниското ниво на хормонот на среќата, серотонинот. Недостатокот на серотонин е предизвикан од недостатокот на аминокиселината триптофан која телото само не може да ја произведе. Четири до 11 банани неделно е повеќе од доволна количина за создавање доволни количини на хормонот на среќата.

Не пијте алкохол
Само една чаша вино дневно може да ги зголеми шансите за заболување од рак на дојка, и тоа од 9,5 до 10,6 проценти, покажуваат истражувањата.

Родете барем две деца во 20-те години
Според истражувањата, раѓањето деца во 20-те години го намалува ризикот од рак на дојката за седум проценти во споредба со другите жени. Намалената изложеност на естроген најверојатно е клучниот фактор за ова бидејќи бременоста и доењето ја намалуваат количината на естроген, хормонот со кој се храни ракот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com