Научникот Муј Тек Тех од универзитетот во Лондон тврди дека постојаната употреба на разни замени за цигари го зголемуваат ризикот од заболување.
-Пушачите треба да се охрабрат да ги остават цигарите, но никако не смееме да им препорачаме да користат замена која содржи никотин, изјави Тех.
Никотинските гуми за џвакање и сличните производи се продаваат со упатство на кое стои дека не треба да ги користиме повеќе од неколку месеци, но страсните пушачи продолжуваат да ги користат и подолго, некогаш и со години.
Тех истакнува дека најпрепорачлив метод за оставање на цигарите сепак е престанување „на суво“.